Георгиев нов претседател на Судскиот совет

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Судскиот совет попладнево на итна седница со осум гласа „за” и четири „против” го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател.

Седницата ја водеше заменикот Селим Адеми, кој пред гласањето посочи дека претседателот на Судски совет се избира со осум гласа од членовите со право на глас.

На седницата не присуствуваше претходната претседателка на советот Весна Дамева.

Пред гласањето Георгиев рече дека гордоста е на негова страна што го предлагаат и оти го прифаќа предлогот само ако е од сите заедно сплотени.

-Очекувам само сите заедно, сплотени и надпросечен придонес да ја вратиме довербата пред се меѓу нас и граѓаните. Затоа ве повикувам, доколку овој предлог излегува искрено, само сите заедно ќе го прифатам овој предизвик. Ве повикувам сите, да придонесеме, доколку стоите позади мене го прифаќам предлогот, изјави Георгиев.

Членовите на советот Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимоски, Ивица Николовски и Мери Радевска, без да образложуваат кажаа дека „принципиелно гласале против” бидејќи, како што посочија Сашко Георгиев гласал за разрешувањето и со тоа и самиот придонел за состојбата во која се најде Судскиот совет.

Слични содржини