„Пораките од САД и ЕУ пречесто се споменуваат,а граѓаните на земјава се заморени“, вели поранешниот пратеник и член на СДСМ, Гордан Георгиев, во емисијата „24 анализа“.
Според него, од друга страна, мнозинството од населението на темата со Бугарија би направиле големблок кон власта за тоа до каде можеме да одиме.
„Тој блок се должи на повреденоста на Договорот со Грција“, смета Георгиев.
За Преспа-форумот што треба да се одржи викендов, тој вели дека тоа не е „тапкање по рамо“ од високите странци.
„Тоа е значаен настан за Македонија, бидејќи се собираат сите важни луѓе од САД и ЕУ. Ние сме важни за странците. Секој од нив доаѓа со свои интереси и тука да немаме дилема дека ако Американците дошле со своите интереси, тоа е големо значење за решавање на спорот со Бугарија“, наведува Георгиев.