Георгиев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се обединат,тргнете ја Данела

од Берта Китинска
179 прегледи

Професорот и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев Гордан Георгиев, преку статус на Фејсбук, повикува да се тргне од градската власт скопската градоначалничка Данела Арсовска, па дури и предлага, двете најголеми политички партии кои се ривали, да се обединат со цел да се смени таа од позицијата.

„Ретко искажувам дневно- политички ставови, ама дечки дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам како, иако знам како. Ова е таква брука секојдневно што ја гледаме и барем ова не мора да го трпиме, кога веќе сме одлучиле да трпиме ваков франкенштајнски град. Обесчестен град, град кој скапува и град кој нема никогаш да си го врати својот идентитет, ниту веројатно ќе изгради нов. Стајте или некој со чизми што ќе биде градски хаус мајстор (и со тоа сум дури ок после Данела) или некој што има некаков план (визија е претежок збор за било кој на повидок). Ова со Данела е срам за сите нас. Ете уште една прилика, покрај многуте, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат:)“, пишува Георгиев на својот профил на социјалната мрежа фејсбук.

Слични содржини