Георгиев: Во Извештајот на Оценската мисија се наведени стари наталожени проблеми со кои сега се соочуваме

од Nikola Popovski
319 прегледи

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев информира дека во текот на вчерашниот ден го добиле извештајот од Оценската мисија за работата на Судскиот совет и целото правосудство.

-Од тоа што начелно го видвоме, размислуваме да закажеме јавна седница, во која што детално ќе биде разгледан извештајот. Од тоа што во медиумите се дискутира за овој извештај, можам да кажам дека е даден со препораки за кратко, среден и подолг временски период, каде што некои детектирани состојбите со законски измени да се регулираат, рече денеска Георгиев пред медиумите.

Според него, има еден дел од тоа што го виделе во извештајот, кој треба согласно законот да се имплементира и постапува.

-Ќе потенцирам една битна работа, а многу е видливо во извештајот, дека е утврдено дека станува збор за стари, наталожени, акумулирирани проблеми, со години наназад. Сега се соочуваме со нив и ќе се обидеме да ги решиме, кажа Георгиев, не сакајќи да каже повеќе детали околу извештајот.

Оценската мисија за работата на Судскиот совет подготвила 40 препораки за подобрување на работата на ова тело.

„Потребни се итни акции оти судскиот систем е во критична точка. Оценската мисија препорачува законски измени на работата на Судскиот совет, интегритет на членовите, транспарентност при изборот и отповикување на членови и објавување на одлуките во јавноста, намалување на мандатот од сегашните 6 години, независно финансирање, непотребно е правото на глас на министерот за правда и назначен член од претседателот, како и поголемо вклучување на невладиниот сектор во работата. Ако не се спроведат овие препораки од сите институции од оваа или од идната влада, оценките на оценувачката мисија се бескорисни“, изјави вчера евроамбасадор Гир на брифинг со новинарите.

„Револуција ќе биде ако Судскиот совет спроведе 17 препораки кои се можни веднаш да без уставни измени“, вели евроамбасадорот. Според него, ЕУ нема да стави вето ако не се спроведат препораките за судството, но владеењето на правото е барање за идно напредување на земјава во евроинтеграцијата, па мора да бидат вметнати во патоказот за владеење на правото.

Слични содржини