Во собраниска процедура влегува граѓанскиот Буџет за наредната 2022 година.Со одговорно финансирање 2022 година очекуваме да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции, вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Таа напоменува дека Буџетот за 2022 има четири основни цели.
-Зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.
Очекуваме конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот. Минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта се дел од законите кои опозицијата ги кочи а кои се важни за граѓаните, објаснува Георгиевска.
Пратеничката потенцира дека време потребан е поголема одговрност и работа во интерес на граѓаните за носење овие закони.