Георгиевска: Мицкоски да одговори дали 1,6 милиони евра од „Криминални парцели“ завршиле за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ?

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Сите околности во аферата “Криминални парцели” во која се проневерени околу 1,6 милиони евра водат до луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и блиски на Христијан Мицкоски, изјави на прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Шест од седум осомничени во оваа криминална афера се тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Оттука, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели”?

Дали 1,6 милиони евра завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?“, прашува Георгиевска.

Слични содржини