Георгиевска: Нова фотонапонска електрана во Осломеј, инвестираме во обновливи извори на енергија

од Nikola Popovski
208 прегледи

Владата предводена од СДСМ е силно посветена на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори. Започна тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ, соопшти Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, на површина од 15 хектари, на местото на некогашниот голем загадувач, денес е поставена фотонапонска електрана која со електрична енергија ќе снабдува 2.800 домаќинства.

-Официјалното пуштање во употреба на оваа фотонапонска електрана, веднаш по завршувањето на тест периодот, значи почеток на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ како и на кичевскиот регион. Во време кога енергијата од фосилните горива е се поскапа и се понедостижна, важни се инвестициите во зелена, еколошка енергија. Затоа, приоритет на Владата предводена од СДСМ се инвестициите во обновливите извори на енергија.

Владата донесе одлука и за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, со што ќе се обезбеди трајно и стабилно снабдување со природен гас, појасни Георгиевска на прес-конференцијата.

Слични содржини