Георгиевска: Почетокот на јули ќе се донесе ребалансот на Буџетот

од Nikola Popovski

Расправата почна, два дена траеше. Сега два дена поради отсуство на претседателот на Комисијата за финансирање и Буџет и неговиот заменик нема да се одржи. Се очекува во петок да продолжи. Десет дена расправа во работното тело, па од определени корекции, треба да се врати во Владата, па на пленарна седница. Некаде почетокот на јули ќе биде донесен ребалансот на Буџетот и тоа на соодветен начин како што се очекува, вели пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Според неа, многу е важно да бидеме ефикасни во расправата.

-И опозицијата со своите ставови за поддршка на политиките во ребалансот, соодветно да ги одбранат, меѓутоа и од страна на опизицијата што поголема конструктивност. Тие поднесоа повеќе од 200 амандмани. Три дена ќе биде општата расправа, па седум дена амандманската расправа. Како парламентарно мнозинство, и во Буџет и во ребалансот на Буџетот, власта покажа отвореност за прифаќање на амандмани кои што значат подобрување на најважниот документ на државата. Доколку постојат издржани амандмани, се надевам ќе бидат прифатени и од извршната власт, рече Георгиевска во емисијата „24 отворено“.

Слични содржини