На предлог на надлежното министерство, Владата усови законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите. Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја. Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува. Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза,истакна на денешната прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати. Овој предлог наскоро ќе се најде и пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени.