Георгиевски: Агресијата нема да ги реши проблемите меѓу Софија и Скопје

од Nikola Popovski
168 прегледи

Решавањето на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија нема да се реши со агресија, туку само со емотивно зближување на секојдневна основа. Вака за бугарски „Дневник“ изјавил поранешниот македонски премиер и актуелен претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски за провокациите на одбележувањето на годишнината од смртта на револуционерката Мара Бунева во Скопје.

Според него, проблем е што взаемните атаци не се само предизборни како што било претходно, туку стануваат постојани.

За Георгиевски проблемот е што со изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и сличните на него, кои се залагаат за „големобугарска идеја“, „се слуша гласот дека Бугарија не сака само да ги исправи работите од историјата, туку да ја направи Македонија дел од Бугарија“.

-Овде едноставно не можете да најдете поддржувачи на таа идеја. Кога Џамбаски вели „Македонија е бугарска“, заборава дека во принцип Македонија е грчка. Оваа дискусија ја водеа Македонија и Грција 30 години. Бугарија ја немаше никаде во таа дискусија. Таа доброволно се откажа да учествува, да оди во Солун или во Кавала да објасни дека Македонија е бугарска, изјавил Георгиевски за бугарскиот медиум.

Слични содржини