На 17 јуни ВМРО-ДПМНЕ одбележува 26 години од основањето на оваа водечка партија на десницата во Македонија. Роденденот го дочекува во време на еднодецениска доминација во власта, но и со длабоки оштетувања врз партискиот имиџ предизвикани од шрапнелите на опозициските „бомби“, детонирани минатата година, пишува Призма.

Ljubco-Georgievski[1]

Ретко кој од денешната партиска гарнитура може да посведочи за денот кога се одржало основачкото собрание на партијата во тогашниот Дом на младите „25 Мај“ во Скопје, свечено отворено со македонската химна во изведба на Јонче Христовски и Зоран Марковски. Од оние што тогаш седеа во салата, повеќето денес не се во ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од нив е и првиот претседател на партијата, Љубчо Георгиевски, кој денес ја предводи Народната партија со истиот историски предзнак. Интригантно и по малку шеретски се насмевнува на прашањето дали денес ја препознава партијата на чие чело застана пред 26 години.

Промените кои ја сменија насоката на партијата, не ги врзува со познатите настани од „Панорама“ (2004 година) туку со неговото повлекување од функцијата во 2002 година.

„Решив да се повлечам од лидерската позиција, затоа што проценив дека тешко ќе можам да се борам со македонската медиумска јавност и со меѓународниот став кон мене. Направив саможртва, која подоцна никој не ја ценеше“, се потсетува Георгиевски.

Но, „мангупите“ во партиските редови, кои тогаш не го почитувале неговото саможртвување, денес се наоѓаат во уште покомпликувана ситуација.
„Денешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има добар пример во мојата постапка – со оставката на функцијата. Бидејќи, како и да ги гледате работите, ВМРО-ДПМНЕ денес е во многу критична и тешка состојба. Колку и партијата однадвор да изгледа монолитна, може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа ништо нема да остане. Ќе навлезе во тотално распаѓање. Балканот е полн со такви примери. Партијата тешко ќе се извлече од таквата ситуација, ако не промени нешто“, смета бившиот лидер на ВМРО- ДПМНЕ.4вмро

Не посочува имиња на лица кои би можеле да ја реформираат и предводат партијата.

„Тешко ми е да издвојувам имиња. Самата политика може да произведе и препорача добри личности“, вели тој.

Но, пред повеќе од една деценија не се воздржа да типува на Никола Груевски како негов наследник на лидерската позиција.

„И тогаш кога застанав зад Груевски, многумина воопшто не гледаа лидер во него. Но, еве, се покажа дека сум погодил со изборот. Ако целта на една партија е да ги добие изборите, тој тоа успешно го правеше изминатите години“, вели бившиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст на Призма на следниот линк.

Слични содржини