301
„Дадов предлог Бугарија да си донесе сопствен акт, кој ќе каже, ние кога зборуваме за македонската нација и јазик мислиме за јазикот после 1945 година, а нашите историчари остануваат да мислат, како што мислат за македонската историја и јазик“, вели Љупчо Георгиевски за емисијата „24 анализа“.
Според него, тој сака Бугарија да ја прифати српската политика, кои што имаат ист проблем со црногорскиот народ и нација, босанскиот народ и нација, а па „ако сакате и македонскиот и хрватскиот“.
Георгиевски смета дека во минатото Македонците биле порасположени за Југославија и рече дека бил првиот што ја кажал додавката Северна Македонија.