Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, ти го прават тебе по твојот учебник

од Nikola Popovski
999 прегледи

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски испрати порака до неговиот поранешен партиски колега и поранешен претседател на Владата, Никола Груевски.

-Се што ми направи мене сега ти го прават тебе и тоа по учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни, објавил Георгиевски за препирките и „Фејсбук војната“ меѓу Груевски со актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Георгиевски споделил порака и до, како што вели, ВМРО-Шумадија.

-Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартиjци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од „27-ми април“. Да и помогнете на Македонија на патот до Европа, истакнал претседателот на ВМРО-Народна партија.

Во мај 2003 година на Конгрес на ВМРО ДПМНЕ, имаше двајца кандидати за претседател, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски. Победи вториот и така стана наследник на Георгиевски кој беше претседател на ВМРО ДПМНЕ 13 години, практично од основањето на партијата до таа, 2003 година.

Слични содржини