За два дена завршува кампањата, а периодот досега ми беше задоволство, вашата поддршка и очекувањата се висока награда за мојот тим и за моите заложби за општината, знаете дека наоѓам решение за проблемите кои претходниците не успеаа да направат ништо.
-Во овие четири години реализиравме по 200 проекти, училита, градинки, улици, патишта, водоводи. Ве слушав во 2017 година и така работев и сега ве слушам и до крај ќе ги решаваме проблемите, ветувам дека нема да има тешка инудустрија во населбата, со еколошките здруженија бараме решение за отпадот во Железара, депонијата Вардариште станува минато, ќе биде само за зеленило и спорт, ова е од огромно значење не само за општината туку и за градот, со бизнис секторот отворивме 4.000 работни места, 23 км водоводна и канализациска мреша, пешачки и вело-патиеки, дополни Георгиевски.
Тој посочи дека наследил долг од 2 милиони евра, а општината била целосно заборавена.
-Гази Баба беше општина останата во 19 век, ништо не беше допрено, ги вративме долговите и собравме пари за нови проекти, не успеаа да не запрат, но советниците на ВМРО-ДПМНЕ и по 23 години блокада на општината се обидуваа да не успоруваат, а тоа ли планираат и сега ли да го ветат. Не ни требаат советници кои не ја сакаат општината, посочи Георгиевски.
Тој најави дека ќе се гради современ кванташки пазар и реконструкција на улицата Перо Наков.
-Со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов докажавме дека Гази Баба е дел од градот со изградбата на важни булевари и обезбедивме и вода со новите бушотини со што ќе ги снабдувам населените места. Со поддршка од Владата изградивме нова зграда и спортска сала и реновиравме седум училишпта со модерни наставни помагала и енергетски фасади, после децении изградивме градинка во Стајковци, а реновирани се сите 10 градинки, а почнуваме со изградба и на четири нови градинки, ќе градиме и сензорен центар. Ги решавмае децениските проблеми, вие сте сведоци дека во Гази Баба работите се менуваат со забрзано темпо, изминатите четири години направивме многу, започнавме еден по еден да ги решавмае, затоа да продолжиме заедно, појасни тој.