Во 1988 година, 1989 и раните 90-ти години, главен херој во Македонија беше Милошевиќ, вели поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски на трибината „Патот до независноста“ во Владата.
Во Скопје во тоа време, вели тој, по градските автобуси одеа со огромни слики на Милошевиќ.
-Тоа беше атмосфера на југословенско влијание и го наметнуваше во тој период или по првиот мандат кога се формираше првата влада, изјави Георгиевски.
Тој исто така кажа дека имал можност да се запознае со човекот кој е автор на нашето старо знаме со сонцето со 16 краци.
-Јас имав таа среќа да го запознаам во Канада. Тоа е се уште симбол на некои македонски патриоти и десетици години потоа не можеме да се откажеме од него. Многу малку сме свсни што значи да имаме сопствена држава, посочува Георгиевски.