Георгиевски: Кога го критикувате „српскиот свет“, Србите „се чувствуваат загрозени во Македонија“

-Всушност имаме нова сезона на повампирување на Голема Србија, порачува екс-премиерот Георгиевски

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поранешниот премиер на Македонија и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски остро реагираше на тезата дека „Србите се во опасност во Македонија“. Георгиевски, преку објава на социјалните мрежи, вели дека веќе ја слушнал оваа теза по петти пат, неодамна на каналот „Newsmax Balkans“, кој го нарекува „најновата телевизија во македонскиот информативен простор на великосрпската пропаганда“.

„А зошто? Затоа што некој им го критикува српскиот свет и поединци ги вознемируваат кога го прославуваат ослободувајнето на Стара Србија!?“, прашува иронично поранешниот премиер.

Тој потсетува дека истиот наратив се негувал и претходно – дека Србите се загрозени во Хрватска, Босна, Косово, Црна Гора, а сега и во Македонија.

Според Георгиевски, зад целата оваа реторика стои стар политички проект.

„Всушност, се соочуваме со нова сезона на повампирување на идејата за Голема Србија“, нагласува тој, предупредувајќи дека дискурсот за „загрозени Срби“ е само „пропагандна фасада“ за нови геополитички амбиции во регионот.