Георгиевски: Македонската нација е на последните места меѓу оние кои им помогнале на Евреите, нашите дедовци не биле толку големи херои како денешните Фејсбук патриоти

Екс-премиерот обвинува за „лицемерие во врска со депортацијата на македонските Евреи“

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Рацин

Екс-премиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски обвинува за, како што вели, многу лицемерие во врска со депортацијата на македонските Евреи. Според поранешниот функционер, познат по своите контроверзни ставови, има една бројка која кажува сè за Македонија.

„Во Јерусалим постои мемориален музеј “Јад Вашем” во кој евреите имаат издвоено „Праведници меѓу народите“ луѓе и институции кои им помогнале на Евреите да бидат спасени. Од Македонија има само десет имиња кои спасиле седумнаесет Евреи (од Албанија има седумдесет и пет кои спасиле 2000 Евреи). Оваа бројка ја става македонската нација на последните места на нации кои им помогнале на Евреите. Очигледно нашите дедовци не биле толку големи херои како овие денешните Фејсбук патриоти“, стои, меѓу другото, во објавата на Георгиевски.

Македонија на 11-ти март одбележа 83 години од депортацијата на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, еден од најцрните датуми во поновата историја на земјата. На 11 март 1943 година тие биле собрани во скопскиот Монопол, кој бил претворен во привремен логор, а потоа во три транспорти меѓу 22 и 29 март биле испратени во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска.

Историските податоци покажуваат дека депортацијата практично значела уништување на речиси целата тогашна еврејска заедница во Македонија. Според меморијалните и истражувачките извори, жртвите сочинувале околу 98 проценти од вкупното еврејско население во тогашна Македонија, што овој случај го прави еден од најдраматичните примери на целосно исчезнување на една заедница на Балканот.

Слични содржини