Георгиевски му испрати подарок на Стефковски-метро и моливче за да мери низ општина Гази Баба

од Берта Китинска
313 прегледи

Поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски денес одлучи да му подари метро и моливче на сегашниот градоначалник Бобан Стевковски, откако Стевковски вчера на прес-конференција соопшти дека Комисијата за теренска проверка на договорите за уличното осветлување во општината утврдила дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите.

-Прво грижата за уличното осветлување, локациите за поставување на нови линии и сервисирање, не ја врши градоначалникот, туку секторот за комунални работи, поднесувајќи налог за работа кој градоначалникот го потпишува.

Второ за секое изведување на нова линија или одржување на постојна линија постои соодветен надзор кој ја прати постапката дали и со каков квалитет е извршена.

Трето за да може да биде исплатена било која активност покрај налогот мора да има потпишан извештај од надзорот и службите во општината задолжени за улично осветлуваење. Со овој извештај се потврдува дека зададените активности се извршени од страна на фирмата и истите треба да се исплатат. Градоначалникот само го потпишува решението за исплата по сите овие добиени информации. Дел од вработените потпишани на овој извештај од комисијата за проверка се истите вработени кои го подготвиле и спровеле јавниот повик за улично осветлување. Истите вработени кои ги подготвиле налозите до фирмата и дале согласност за плаќање по извршените активности, пишува на Фејсбу, Георгиевски.

Слични содржини