„Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и РС Македонија треба да се води на сите нивоа и може да постигне резултати кога се гради на взаемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година“ – ова го истакнал шефот на бугарската држава Румен Радев на средбата со екс-премиерот и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, соопштиле од прес-службата на бугарскиот претседател.
Оттаму прецизираат дека средбата се одржала на иницијатива на Георгиевски.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, Радев изразил надеж дека македонскиот државен врв што поскоро ќе пристапи кон вклучување на Бугарите во Уставот, со што ќе се отвори вратата за преговори за полноправно членство на Македонија во Европската унија.
-Радев изразил и очекување за запирање на јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите во РСМ, а предводници во овој процес да бидат јавните медиуми и институциите кај нашиот југозападен сосед, пренесе БТА.
Се истакнува дека Георгиевски истакнал дека е „за“ многу поактивен дијалог во билатералните односи, го поддржал вклучувањето на Бугарите во Уставот и гарантирањето на нивните права, со што, како што стои во соопштението од Кабинетот на Радев, ќе се отвори европската перспектива на земјата и ќе се стимулира билатералната економска и размена на информации, туризам и взаемни инвестиции во интерес на двете земји и регионот.