Георгиевски: Навремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции на речиси 12 илјади земјоделци

од Vladimir Zorba
288 прегледи

„СДСМ и Владата предводена од премиерот Заев продолжува со политиките кои значат вистинската грижа за земјоделците, во секој момент, особено кога поддршката од државата им е најпотребна. На сметките на речиси 12.000 земјоделци исплатени се околу 10 милиони евра субвенции“, истакна Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Исплатени се субвенциите за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои задржале женско јагне. На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020.

Нашата политика на навремена и неселективна исплата на субвенции продолжува, во интерес на секој земјоделец“, тврди тој.

Слични содржини