Георгиевски: Не постоеше голема заинтересираност за независност во 1991, многу македонски политичари беа тивки

од Nikola Popovski
289 прегледи

Немаше многу заинтересираност за независност во 1991 година и претходно. Се борев со тие про-југословенски политичари и ставови, вели првиот потпретседател на Македонија и поранешен премиер, Љупчо Георгиевски во интервју за ТВ Сител.

Според него, тогаш бил голем стравот од ЈНА дека ќе направи пуч и ќе ги затвори сите тие што се залагат за независност на Македонија.

-Затоа многу македонски политичари беа тивки и исплашени, појаснува Георгиевски.

Тој нагласува дека денес не живееме идеално, но сме покажале капацитет дека треба да имаме и можеме да имаме сопствена држава.

Во однос на војната во 2001 година, Георгиевски вели дека тоа беше за освојување на територии, а не за човекови права, како што зборуваат денеска некои политичари.

-Тогаш се зборуваше за трампа на територии меѓу нас и Албанија, но само беа ставени на маса. Се споменуваше областа околу Преспанското езеро, информира поранешниот премиер.

 

Слични содржини