Претседателот на ВМРО-НП и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски денеска пред почетокот на лидерската средба на владината коалиција изјави дека францускиот предлог не го видел, иако било кажано дека утрово ќе биде објавен, но сепак го коментирал претходниот француски предлог, кој според него, во основа останува ист.
Според Георгиевски, во тој предлог имало и позитивни работи и не требало целосно да се отфрла.
„Она на што треба да се стави акцент е дека двете страни не се задоволни до крај, меѓутоа тоа е суштината на секој предлог. Тоа беше суштината и на Преспанскиот договор, кога двете страни колку и да споделуваат оценки дека се задоволни од предлогот во суштина остануваат не докрај сите нивни нереализирани моменти“, посочил Георгиевски.
Тој додал дека „не треба да ги цениме само негативните елементи што мислиме дека се негативни во францускиот предлог, туку дека треба да цениме она што е позитивно“.