Георгиевски негира дека го оштетил буџетот на општина Гази Баба

од Nikola Popovski
321 прегледи

Како градоначалник го немам оштетено буџетот на општината, ниту пак сум овозможил некое правно лице да се стекне со противправна имотна корист, вели поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски откако денес Антикорупциската комисија соопшти дека ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против него.

Георгиевски најодговорно тврди дека сите акти на Општината се во согласност со Закон, а доколку сегашниот градоначалник смета дека е поинаку, во секое време може да ги поништи сите акти донесени од него.

-Градоначалникот не ги води постапките сам, за законитоста на постапките потврдуваат стручните служби на општината, додава Георгиевски.

Како што беше појаснето на денешната седница на Антикорупциската комисија, за екс градоначалникот Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“

Нури Бајрами, член на ДКСК, во образложението за случајот со Георгиевски, меѓу другото информира дека одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза е донесена на 17.02.2020 година, а за втора фаза на 30.09.2020 година, а во медиумите, подвлече, на 28.06.2019 година објавена е информација дека свечено е пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот започнат со градење како дивоградба.

Слични содржини