Георгиевски: Палевски има злоупотребено 50-100 деца и направено наркомани по улиците

од Nikola Popovski
693 прегледи

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски вчера истакна дека случајот и проблемот со осомничениот за двете убиства, Љупчо Палевски Палчо покажува како со неказнивост општеството создава злосторник.

Тој во емисијата „Топ тема“ порача дека „Палевски можеби има злоупотребено 50 – 100 деца, направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него“.

-Палевски има шест кривични дела кои не се процесуирани (нелегален пиштол, ископ на злато, семејно насилство). Да се направи комисија и да видиме од 1990 година колку бил заштитен. Дивоградбата која ние сме ја рушеле, 1,5 милиони евра отштета му била платена. Нека се провери кој е судијата. Да ја видиме неговата кариера, предлага Георгиевски.

-Во моментот кога вие еден криминалец го правите соработник и му давате сè повеќе и повеќе работи и вие не знаете дали началникот на УДБА е поглавен или криминалецот. Таков беше случајот со Аркан, со Бели Вук, посочи претседателот на ВМРО-Народна за Палевски.

Георгиевски стравува и дека продолжил системот од времето на Југославија кога се произведувала и продавала дрога, се шверцувале цигари и се обучувале терористи, а едно од тие места, како што вели, бил „Јасен“.

Слични содржини