Георгиевски: Проблемот со уставните измени е многу конкретен и реален и од него зависи иднината на Македонија

од Nikola Popovski
281 прегледи

Имам и претходно кажано дека мене ми е жал што ветото што го донесоа запреа едни процеси кои во времето на г.Заев прилично одеа со брзо темпо, се развиваа односите, и целото тоа, ветото и наративот кој следуваше повеќе направија штета отколку добро. Како политичари имаме конкретна ситуација, имаме француски предлог кој не е бугарски туку од ЕУ, кој вели дека имате проблем со внесување на бугарите во уставот и откочување на процесот на ЕУ, рече лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на ТВ 24.

Ние две години досега не преговараме со ЕУ, две години сме во лер, додава екс-премиерот, и сега доаѓа ВМРО-ДПМНЕ и има веројатност да победи и да формира влада.

-Тие или по брза постапка ќе каже ова не било толкав проблем и да го реши проблемот и одиме напред или 4 години Македонија да ја држи во лер. Лично сметам дека овие 4 години и претходните две, шест години се многу Македонија да чека за после шест години, дојде некој и ни објасни дека ова не е проблем, зошто стоите тука. Проблемот е многу конкретен и реален и од него зависи иднината на Македонија, на граѓаните, истакна Георгиевски.

Тој му се обрати на поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев дека во 1998-2002 година кога биле во иста влада, Македонија економски била многу пред другите држави во регионот, како и дека тоа време ниту еден македонски граѓанин не земал бугарски пасош, туку обратно, бугарски граѓани земале македонски пасош.

Слични содржини