Георгиевски револтиран од подарокот на Антиќ за Вучиќ: „Симболот од кој се тресевме до 2001, а сега како верност кон српскиот свет“

од Nikola Popovski
2,7K прегледи

Поранешниот претседател на Влада и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски се огласи преку социјалните мрежи по повод вчерашниот подарок на претседателот на КФМ, Перо Антиќ во српскиот претседател Александар Вучиќ. Според објавата, Георгиевски е изреволтиран од симболот на патиките.

Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001, а сега како верност кон српскиот свет, напиша претседателот на ВМРО-Народна.

Колку за потсетување, Антиќ вчера се сретна со Вучиќ, кој беше во Скопје по повод учеството на процесот Брдо-Бриони.

Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

Слични содржини