Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Гоце Георгиевски на денешната прес конференцијата рече дека врвен приоритет на владата е грижата за земјоделците и земјоделството. Како пример за тоа ја посочи мерката „зелена нафта”, за која рече дека е една од најзначајните ветени и остварени мерки, во последнте три години. Тој најави дека нвестициите ќе продолжат со засилено темпо и во наредниот период.
-Како одговорна власт, го субвенционираме најголемиот трошок во земјоделското производство, а тоа е нафтата за земјоделската механизација. Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната. Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра. Ова се сериозни средства кои завршуваат назад кај земјоделците токму во време кога имаат најмногу активности на поле, рече Георгиевски.
Според Георгиевски и покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, власта успеа да го заштити земјоделскиот сектор.
-За нас зборот е збор и успеваме да исполниме се што ветивме пред граѓаните. Досега исплатени се околу 84% од предвидените средства за субвенции, а започната е и распределбата на картичките за зелена нафта низ целата држава. Дадовме ветување дека до 2024 година, висината на поддршката за “зелена нафта ќе достигне до 100% и тоа ќе го реализираме, рече Георгиевски.
Според Георгиевкси СДСМ и понатаму продолжува да го трасира патот кон развиено земјоделство и подобрени услови за земјоделците.