Георгиевски вети нови спортски терени во Гази Баба

од desk2
135 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски, во рамки на предизборните активности за вториот круг, ветува подобри услови за спорт и рекреација во општината.

Како што вели, со неговата програма предвидени се три капитални проекти во спортот.

– Ќе изградиме нов мултифункционален спортски центар во Стајковци и Црешево, во чии рамки ќе има игралишта за мал фудбал, кошарка и тенис, атлетска и велосипедска патека и отворени фитнес-направи. Нова спортска сала ќе добие и Автокоманда. Таа ќе претставува современа спортска содржина, која ќе овозможи развој на клупските и поединечните спортови. Во рамки на постојниот СРЦ „Хиподром“, покрај придружните спортски објекти и атлетски патеки, предвидуваме и изградба на отворен базен, со придружни содржини: вештачка карпа за алпинистичко искачување и детски катчиња – вели Георгиевски.

Кандидатот на СДСМ посочува и оти финансиски ќе ги поддржат спортските школи кои работат со младите