Георгиевски вети решавање на проблемот со водоснабдување во Страшинци

од desk2
101 прегледи

Нов цевковод и трајно решавање на проблемот со водсонабдувањето, ветија кандидатот на СДСМза градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски и заменик претседателот на партијата Оливер Спасовски на средба со жителите на с.Страшинци.

– Страшинци ќе добие нов објект за водоснабдување кој ќе опфати нов цевковод во должина од осум километри и две пумпни станици. Граѓаните мора да добијат непречен проток на вода, тоа е задолжение на секоја локална власт, рече Георгиевски.

Тој најави подоибрување на инфраструктурата и во Смилковци, Јуримлери и Гоце Делчев. Жителите на Смилковци ќе добијат фекална канализација, Јурумлери фекална канализација и пречистителна станица, а во Гоце Делчев комплетно уредено спортско игралиште, рече Георгиевски.