Георгиевски: Владата уште не се заблагодари за бугарската помош за Кочани, а веќе тргна во нова антибугарска кампања

од Nikola Popovski
388 прегледи

Екс-премиерот и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски објави дека три настани му оставиле впечаток на христијанскиот празник Велигден. Упати критики дека Владата не се заблагодарила на помошта од Бугарија за трагедијата во Кочани, а, како што вели, веќе тргнала со нова анти-бугарска кампања.

„На Велики Петок три настани ми оставија впечаток:

-Во некое бугарско село учениците собрале 2.500 евра помош за жртвите од Кочани.

-Вмровската влада уште искрено не се ни заблогадари за помошта од Бугарија, веќе стартува со нов бран антибугарска кампања.Сега прв пат го читаат францускиот предлог и сфатиле дека покрај „Бугари во Устав“ треба да нема и говор на омраза и отварање на архивите на Удба. Тоа се тешки идентитетски удари за нас.

-Македонската држава го одбележи „Валандовскиот покољ“ кога бугарите од ВМРО со селските чети составени од локално население ги поразија србските ослободители.

Македонскиот идентитетски мазохизам кога станува збор за србите е неверојатен !!! Ама станува комичен кога србите Вмро ги нарекуваат бугари а дури и населението бугарско“, стои во објавата на Георгиевски.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ продолжува да работи контра македонскиот народ. Според партијата на власт, „опозицијата 34 години без престан, работат во корист за другите, а не за македонскиот народ и држава“.

-Денес, повторно пред јавноста, иако министерот за надворешни на Бугарија изјави Македонија да не очекува уставните измени да се последен чекор од интеграцијата во ЕУ, СДС како партија за пропаганда, продолжуваат слепо да си веруваат сами на себе, дека уште уставни измени и ете сме во ЕУ, стои во пораката на партијата на Христијан Мицкоски.

„Бугарија не поставува дополнителни услови за процесот и преговорите на РС Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Нема проблем со билатералните односи. Тие не се проблем земјата да не ги започне преговорите со ЕУ. Ова е тезата на нашите колеги од С.Македонија“, е пораката од пред неколку дена којашто ја испрати потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, додека во посета на Софија престојуваше еврокомесарката за проширување Марта Кос.

„Според мене, оваа дебата се искривува и кај нас во Бугарија и на европската сцена. Има обид на нашите колеги од Северна Македонија да ги претстават нормалните барања на Бугарија – почитувањето на европските критериуми – како речиси каприц од наша страна, а дополнително се обидуваат да ги стават во билатерална блокада, што не е точно“, изјави Јотова.

Слични содржини