Георгиевски за минималната плата: Ваквото зголемување е моја идеја и му ја кажав на Заев

од Nikola Popovski
541 прегледи

И претходно кога се зголеми минималната плата на 15.000 денари, при што две години се плаќаа субвенции за таа разлика од 100 евра, идејата му ја дадов на господинот Заев и тој едно интервју го кажа тоа јавно, дека идејата му е дојдена од мене, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Тој вели дека се радува што ваквиот модел плус субвенции за таа разлика што ќе ја државата на фирмите е балансирана мерка, која ќе помогне на двете страни.

-Минималната плата е отскочна даска и ќе се зголемат и другите плати и пензиите, најавува Георгиевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини