Георгиевски за осамостојувањето на државата: Mногу македонски политичари беа тивки и исплашени

од Берта Китинска
396 прегледи

Немаше многу заинтересираност за независност во 1991 година и претходно. Се борев со тие про-југословенски политичари и ставови, вели првиот потпретседател на Македонија и поранешен премиер, Љупчо Георгиевски во интервју за ТВ Сител.

Според него, тогаш бил голем стравот од ЈНА дека ќе направи пуч и ќе ги затвори сите тие што се залагат за независност на Македонија.

-Затоа многу македонски политичари беа тивки и исплашени, појаснува Георгиевски.

Тој нагласува дека денес не живееме идеално, но сме покажале капацитет дека треба да имаме и можеме да имаме сопствена држава.

Георгиевски во интервјуто  го спомена конфликтот во 2001.

Идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, вели тој, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа повеќето од нив се повлекле. Целта била да не се влегува во војна со илјадници жртви, бидејќи индиците беа дека меѓународниот фактор повеќе им помага, како што вели тој, на терористите отколку на државата.

„Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство, вели претседателот на ВМРО-НП .

Слични содржини