Георгиевски: Зголемен е процентот на млади луѓе кои завршуваат на кислородна поддршка

од Берта Китинска
167 прегледи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во „Студио 10“ информираше за моменталната состојба со коронавирусот во градот.

„Состојбата во Охрид е загрижувачка, околу 500 луѓе се вкупно активни на вирусот, хоспитализирани се 90 пациенти, околу 50 се на кислородна поддршка. Околу 100 здравствени работници се вакцинирани. Непречено функционираат мобилните тимови на општината и на Црвен крст, општинската зграда е затворена за странки. Училиштата и градинките засега немаат поголеми проблеми. По новогодишните празници луѓето се олабавија. Во третиот бран сме, работеа угостителските објекти, луѓето толку многу не ги почитуваат мерките, вели Георгиевски.

Тој посочи дека во моментов во Охрид е зголемен  бројот на пациенти кои се заразени од британската мутација.

-Зголемен е процентот на млади луѓе кои завршуваат на кислородна поддршка.Најчесто се заразени лица од 20 до 40-годишна возраст, што ме загрижува,  вели Георгиевски.

Тој уште еднаш упати апел до своите сограѓани да ги почитуваат мерките и побара Комисијата да ги заостри мерките.