Герапетритис: Неупотребата на уставното име е флагрантно кршење на Договорот од Преспа

од Nikola Popovski
2,4K прегледи

Одлуката на новите македонски власти да не се користи уставното име на државата во домашниот јавен дискурс, претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, истакнал грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, кој присуствува на Советот на министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан во Луксембург.

Герапетритис подвлекол дека „почитувањето на меѓународното право и меѓународните договори е основа на меѓународниот мир и безбедност и не значи негова селективна примена“.

Тој истакнал и дека Грција стои „на страната на Кипар, кому во моментов му се закануваат грубо и цинично“, посочувајќи дека „заканата против една земја-членка, против нејзиното постоење и суверенитет е неприфатлива акција“.

-Усогласеноста со меѓународното право и меѓународните договори е основа на меѓународниот мир и безбедност и не значи негова селективна примена. Патот кон европската интеграција може да се разбере само со целосно усвојување на европското законодавство и целосно и безусловно почитување на меѓународното право и меѓународните договори, додал шефот на грчката дипломатија, пренесуваат грчките медиуми.

Министерот додал дека Грција отсекогаш била витална сила за интеграција на државите од Западен Балкан во европското семејство.

Ваквиот став на Герапетритис доаѓа откако синоќа новиот премиер Христијан Мицкоски ја положи заклетвата со уставното име на државата. Претходно истакна наведе дека „ќе мора да ја каже срамната придавка“ и дека „во моментов е немоќен“.

„Ќе ја кажам срамната придавка пред заклетвата затоа што тоа мене лично ме потсетува на срамот што ѝ го нанесовте на мојата татковина, на моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив. И да ќе правам сè додека сум жив политички и како човек, сè што е во моја моќ оваа неправда да ја исправам, за жал во овој момент сум немоќен и во овој момент и јас како човек ќе морам да капитулирам пред вас и да ја кажам таа срамна придавка затоа што таа за жал е дел од законот и Уставот што морам како претседател на владата да ги почитувам“, рече Мицкоски пред да биде изгласана новата Влада.

Слични содржини