Герапетритис повтори дека се прекршува Преспанскиот договор: „Имаме средства за дополнителен притисок“

од Nikola Popovski
120 прегледи

Во овој момент има јасно прекршување (на Преспанскиот договор) од страна на политичкото и државното раководство (во Македонија), порачал министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ.

Според него, претседателот и премиерот на една земја, кога се во јавен дискурс, не може да се повикуваат на приватна автономија.

-Ова не е во согласност ниту со домашното уставно право, ниту во меѓународното право, додал Герапетритис.

Во однос на Договорот од Преспа, тој повторил дека има значителни проблеми, како правни и политички, но, како што рече, „ во овој момент ги обврзува сите и тоа е нешто што ќе го бараме“.

-Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, истакнал меѓу другото, шефот на грчката дипломатија.

Слични содржини