Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во современата македонска историја.
„11 Октомври е потсетник дека храброста и солидарноста се темелите врз кои ја градиме современата, демократска држава. Денес, нашата должност е да го чуваме тој дух преку секојдневна работа за пофер, похуман и послободен општествен живот. Аманетот што ни го оставија нашите баби и дедовци е обврска што мора да ја продолжиме. Да ја негуваме слободата, да го чуваме антифашизмот како трајна вредност и да го градиме општеството на праведност, солидарност и човечност. Тие се генерацијата што ни ја подари независноста, а ние сме генерацијата што треба да ја сочува и унапреди”, порача Герасимовски.