Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите

од Nikola Popovski
227 прегледи

Општина Центар рано наутро започна со чистење на сметот низ општината. Во акцијата се вклучија речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го водеше стартот на акцијата. Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и цистерната која ги миеше контејнерите и просторот околу нив каде имаше натрупано вреќи со отпад кои предизвикуваат непријатна миризба.

„Уште рано наутро почнавме со чистење низ цел Центар. Во сите населби има преполни контејнери и дојави од граѓани стигнуваат од секаде. Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме сите општини не смее да се повтори затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”. Воедно им се заблагодарувам и на сите вработени кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината“, изјави Герасимовски.

Герасимовски уште вчера најави чистење на општината со сопствени ресурси и ги поттикна другите градоначалници да го направат истото.

Слични содржини