Герасимовски демантира дека дал дозвола на хрватски новинари да влезат во „Песталоци“

од Nikola Popovski
244 прегледи

На ниту еден новинар не сум дал дозвола да го посетат основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, објави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, откако беше посочено неговото име во еден хрватски медиум дека добиле дозвола од него да влезат и да фотографираат во образовната установа каде што одеше сега веќе убиената Вања Ѓорчевска.

Тој во својот демант порача дека новинари смеат да доаѓаат и известуваат од училиштето само со одлука на директорката и менаџментот, а било кој вклучително и новинарите, мораат да ги почитуваат нивните одлуки.

Герасимовски искажа и целосна поддршка за директорката на „Песталоци“.

„Јутарњи лист“ објави дека хрватска новинарска екипа, мотивирана да дознае што повеќе детали за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска разговарала со експерти и граѓани на Скопје и единствено таа е пуштена во училиштето на убиената Вања.

Тие разговарале со директорката на Песталоци, со класната на Вања, но и со соседите на убиеното девојче.

Слични содржини