354
Кандидатот на СДСМ за општина Центар, Горан Герасимовски ја поздрави одлуката на граѓаните во првиот изборен круг и вели дека е добро што имаат шарен совет во општината од повеќе политички партии и невладини организации.
-Вака ќе имаме плодни дискусии и дебати и се надевам на добри одлуки во полза на граѓаните. Не е проблем тоа што составот е таков (9,8,3,3), затоа што сметам дека како иден градоначалник, со добри одлуки и политики ќе имам целосна поддршка од сите советници. Сигурен дека ќе најдеме добри решенија. Ги почитувам гласовите на граѓаните што одлучија за ваков совет, рече Герасимовски во емисијата „24 анализа“.