14
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин” кој ја претставуваше општината и државата на 21 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Букурешт – Романија кадешто освои бронзен медал.
„Честитки за нашиот Валентино кој освои бронзен медал. За неговиот успех и посветеност, му доделивме финансиски средства во висина од 10.000 денари. Валентино Атанасоски е пример за сите млади, но и за нас возрасните, дека љубовта кон науката, истрајноста и трудот носат признанија секаде во светот. Силна поддршка за нашиот ученик стипендист, нека продолжи да го промовира Центар и Македонија во светски рамки”, изјави Герасимовски.