Герасимовски: Екипите го локализираа пожарот во Универзална, апелирам да не се шират шпекулации за причините за избувнувањето

од Nikola Popovski
191 прегледи

По информациите за избувнувањето на пожарот во Универзална Сала градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски веднаш се упати на терен. Пожарот е локализиран и не постои опасност за другите објекти, сподели тој. Герасимовски на социјалните мрежи известува дека според првичните информации во зградата немало никој и апелира да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации која е причината за настанување на пожарот.

„Пожар избувна во Универзална Сала при што веднаш се упатив на терен. Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот”, пишува Герасимовски.

Инаку изминатиот период продолжи реконструкцијата на надворешниот дел од овој репрезентативен објект, откако Владата ги презеде ингеренциите од Град Скопје.

Понатаму беше предвидена и втората фаза за обновување на внатрешниот дел. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека Универзална сала треба да биде комплетно модернизирана до 2026.

Слични содржини