Герасимовски: Го исчистивме сметот на ул. 50 Дивизија под Клинички и на Кале

од Nikola Popovski
571 прегледи

Градоначалникот Горан Герасимовски и вработените од јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ, денеска чистеа на две локации кадешто надлежност има Град Скопје. Општинските служби го исчистија сметот на улицата 50 Дивизија во близина на Клиничкиот Центар и улиците на Кале.

И покрај реагирањето и четиридневното самостојно чистење на сметот од страна на Општината, сѐ уште Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат собрано целото ѓубре од улиците во Центар кадешто имаат надлежност.

Во изјава за Телма, Герасимовски информира дека секојдневно 120 хигиеничари се ангажирани за чистење на сметот во Општината.

„Од пред неколку дена почнавме и со голема акција за чистење на сметот околу контејнерите, но и со собирање на ѓубрето во контејнерите, во одредени населби таму каде што не беше собрано од градската администрација. Акцијата продолжува и во наредниот период, етапно ќе се чисти населба по населба каде што целосно влегува и нашата механизација.Очигледно е подобрување во однос на хиената, тоа значи дека нашите апели стигнале до нечии уши. Бевме во Маџир Маало и во Дебар Маало, се чистеше и вчера, и завчера во Крњево и во сите останати населби”, истакнува Герасимовски.

Ги повикуваме граѓаните да пријават смет и дива депонија телефонски со цел брза интервенција на службите. Граѓаните можат во секое време да пријават проблем од јавна чистота на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693.

Општина Центар спроведува акција за чистење на јавните површини во Центар откако пред два дена Град Скопје ги остави центарските улици во смет.

Слични содржини