Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски информира дека пожарот во рамките на старата фабрика „Треска“ е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните.
-Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција, објави Герасимовски.
Градоначалникот додаде дека во оваа незгода за среќа нема повредени, а жителите и вработените во околните продавници биле навремено евакуирани.
Како што информира претходно градоначалничката Данела Арсовска, 55 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот со шест противпожарни возила.
-Од индициите кои што ги имаме најверојатно се работи за пожар којшто е отпочнат во потегот со сомненија дека има лица кои што го подметнале, посочи Арсовска.