Герасимовски и Исени: Заштита на правата е основа за развоj на бизнисите

од Nikola Popovski
190 прегледи

Директорот на ДЗИС Горан Герасимовски и извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени денеска имаа средба, на која се прецизираа идните активности.

Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод ќе ги посетуваат фирмите-членки на комората. Притоа, ќе се објаснуваат бенефитите и процедурите за заштита на трговска марка, како и другите права од индустриска сопственост. Важно е да се напомене дека заштита на правата, е основата за успешен развој на секој бизнис. Дополнително, стопанствениците ќе се информираат околу можностите за пристап и користење на меѓународните електронски бази, соопштија од ДЗИС.

Во рамки на досегашната соработка на овие две тела, одржани се работилници за заштита на правата од индустриска сопственост во повеќе градови во северо-западниот регион и посетени се 57 компании.

Слични содржини