Герасимовски и жителите на Општина Центар повикуваат на мобилизација за решавање на проблемот со „Интермецо“

од Nikola Popovski
265 прегледи

Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на „Народен фронт”. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки.

„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции”, вели Герасимовски.

Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.

Инспекциската служба на општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции.

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време на посочениот објект, по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.

Слични содржини