По повод меѓународниот ден на белиот стап 15 октомври градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски одржа конструктивен состанок со слепите лица од општината кој се покажа како уште една потврда дека општината секогаш е тука да помогне на ранливите групи.
„На барање на Националниот сојуз, обезбедивме финасиска поддршка за Меѓународниот шаховски турнир за слепи лица, кој ќе се одржи во чест на 13 Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје, во просториите на Сојузот. Мило ми е што помогаме да се оствари оваа меѓународна спортска дружба која ќе донесе радост во нивните животи. Нас ќе ни биде голема чест и задоволство да присуствуваме на отворањето на турнирот“, истакна Герасимовски.
Општина Центар ги повикува лицата со попречен вид активно да се пријавуваат на повиците за субвенции и други проекти во општината наменети за загрозените категории граѓани.