Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски најави подобрување на инфраструктурата и преземање на мерки за побезбеден сообраќај во центарот на градот.
– Ќе ги подигнеме стандардите за квалитет при инфраструктурните интервенции и ќе ги утврдиме и отстраниме црните точки во сообраќајот, ќе ги реконструираме сите дотраени тротоари и пешачки патеки на фреквентните локации каде често се оштетуваат и ќе развиеме вело-мрежа со што ќе ги мотивираме граѓаните повеќе да користат велосипеди или тротинети, изјави Герасомовски.
Најави дека ќе работат и на креативни решенија за подигнување на свеста кај граѓаните за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а ќе направат и организација на движењето во училиштата и градинките преку регулирање на возилата при оставање и земање на децата. Дел од програмата на Герасимовски е и поставување на енергетски ефикасно улично осветлување на јавните површини, вклучително дворовите на училиштата и градинките.
Фокусот во следните четири години ќе биде ставен на инфраструктурата и на зајакнувањето на капацитетите со јавните претпријатија.