Герасимовски: Одлично ги познавам потребите на граѓаните во секоја населба и маало во Центар

од Nikola Popovski
274 прегледи

Новиот кандидат за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски изрази огромна благодарност за поддршката и довербата која ја добил од СДСМ и раководството на партијата да бидам кандидат за градоначалник.

-Центар е местото каде што сум роден, пораснав и каде денеска живеам со семејството. Моја обврска како граѓанин, но пред се како иден градоначалник е да го направам Центар подобро место за живеење за сите сегашни и идни генерации, објави Герасимовски.

Според него, одговорноста е многу голема за што е целосно подготвен и ветува максимална посветеност во работењето.

-Одлично ги познавам потребите на граѓаните во секоја населба и во секое маало. Во изминатите четири години како претседателе на ОО СДСМ Центар се запознав со илјадници луѓе и слушнав исто толку животни приказни. На стотици средби со граѓаните добив низа конструктивни предлози, мислења и идеи за тоа што треба да направиме за поквалитетен живот. Центарци секогаш точно знаеле што сакаат и што е најдобро за општината. Тие исто така знаат да го вреднуваат сработеното, а јас се обврзувам секој денар од буџетот да го насочиме кон унапредување на состојбите. Сите овие нивни идеи, барања и потреби ќе бидат дел до мојата програма која ветувам дека целосно ќе ја реализирам, наведува Герасимовски и додава:

-На 17 октомври во Центар ќе оствариме уште една голема победа во првиот круг. Но победата е само првиот чекор од патот кон целта. Потоа, не очекуваат четири години во кои ќе треба да ја оправдаме довербата и ова ќе биде главниот предизвик. Барам поддршка од сите вас за да докажеме дека можеме и умееме многу подобро!, напиша Герасимовси на Фејсбук.

Слични содржини