Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во oпштина Центар

од Nikola Popovski
317 прегледи

Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар е дел од договореното со претставниците од иницијативата „НаТочак“ со кои денеска, се сретнав. Ги разгледав нивните барања кои се однесуваат на унапредување на велосипедската инфраструктура и на мое задоволство дел од нив веќе ги спроведуваме, информира градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Според него, во иднина засилено ќе се работи на системот за изнајмување на велосипеди и ќе продолжат со субвециите за да ги стимулираат граѓаните почесто да возат велосипеди.

-Мора да ги менуваме навиките, возењето велосипед особено во општина Центар е важно особено поради избегнувањето на сообраќајниот метеж. Европските градови практикуваат возење велосипед, да го следиме нивниот пример, истакна Герасимовски на средбата.

Слични содржини