Герасимовски: Пописот во 2011 година пропадна од организацијата

од Берта Китинска
236 прегледи

Веќе 8 години укажувам на потребата на попис, добро е што дојде до едно усогласување на ставовите за подготовката, методологијата, законот…вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС во Студио 10.

-Пописот во 2011 година пропадна од организацијата и спроведувањето на пописот. Не може државната пописна комисија да ги води сите работи. Заводот за статистика е оној кој требаше да го подготви. Во овој момент нема потреба за стравување од ништо затоа што во самата методологија и закон се е добро изработено и потребно е добро да се проучи.Одложување на пописот треба да се случи доколку состојбата се влошува со коронавирусот, вели Герасимовски.

Слични содржини